Безбедносно предупредување за 23 милиони YouTube креатори по голем хакерски напад

Сподели со своите пријатели

Премиум корисниците на платформата „Јутјуб“ беа цел на сајбер напади изминатиот викенд, при што експертите предупредуваат дека станува збор за масовен и добро организиран напад.

Loading...

Нападнати се профили на високо профилирани и добро познати креатори на YouTube, особено профили на инфлуенсери во автомобилската заедница, иако жртвите беа креатори од сите инфлуенсерски жанрови.

Корисниците изгубија пристап до нивните профили за време на нападот, а беа погодени над 23 милиони профили.

Нападот бил извршен со помош на добро организирана фишинг-кампања, така што електронските пораки пристигнале на адресите на инфлуенсерите на YouTube за да ги намамат на лажна страница за најавување на Google. На овој начин, се добиени чувствителни информации, вклучително и лозинки, така што напаѓачите лесно можеле да пристапат до каналите на YouTube.

Јутјуб реагираше откако беше објавена веста за овој масовен напад, посочувајќи дека не е забележана сомнителна активност во текот на викендот за да се натера некој да помисли дека станува збор за масовен напад.

Во изјавата се наведува дека корисниците се известуваат кога има сомнеж за хакерски напад и дека се охрабруваат да користат двофакторна автентикација што го намалува ризикот од потенцијални напади.

Leave a Reply