Гостин запали цигара пред ресторанот, сопственикот го гаснеше со противпожарен апарат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сопственик на ресторанот „Солт Лејк Сити“ во Јута зел противпожарен апарат и испрскал маж кој одбил да изгаси цигара пред неговиот ресторан.

Loading...

Џон Бирд вели дека имал пауза за пушење надвор од деловниот центар во петокот и имал средба со сопственикот на ресторанот порано истиот ден, кој му рекол да не пуши на местото затоа што е премногу близу до неговиот објект и клиентите.

– Тој излезе со енергија на непријателство и рече: „Јас ти реков, не можеш да бидеш тука“, рече Бирд.

По краткиот разговор, девојката на Бирд го запрашала сопственикот дали ќе го испрска, и тој одговорил дека ќе го стори тоа.

Кога Бирд повторно ја ставил цигарата во устата, сопственикот го испрскал на лицето.

„Сè уште сум во шок, не верувам дека вакво нешто можеше да се случи“, рече Бирџ по инцидентот.

Сопственикот на ресторанот се извинил во изјава за телевизијата, велејќи дека претерал.

Полицијата го испитува инцидентот.

Loading...
https://www.facebook.com/KSLNewsradio/videos/395747984451925/

Leave a Reply