Xiaomi е еден од најголемите производители на смартфони во Кина заедно со Huawei, а неговите уреди се многу популарни во целиот свет, претежно кај средната класа.
Сепак, Xiaomi штотуку воведе паметен телефон од висока класа, наречен Mi Mix Alpha.
Уредот има AMOLED екратн што ги опфаќа двете страни на уредот, како што Xiaomi го нарекува првиот телефон со 100 проценти покриеност на екранот.
Куќиштето е комбинација на титаниум, керамика и стакло од сафир.
Камерата има најновиот Samsung ISOCell сензор до 108 мегапиксели, како и камера со широк агол од 12 мегапиксели.
Процесорот е Snapdragon 855+ со 12 GB RAM меморија и 512 GB меморија.
Батеријата има 4050 mAh и поддршка за брзо полнење и е направена со најновата технологија нано-силикон.
Mi Mix Alpha треба да стигне на пазарот до крајот на годината, со цена од над 2000 американски долари.