Работа од соништата за љубителите на мачки

Сподели со своите пријатели

Кој не сонува да остави сè зад себе и да живее на еден сончев остров? Сега тоа  може да го сторите – ако сакате мачки.

Loading...

Секој заинтересиран може да аплицира за работа во засолниште за мачки на идиличниот грчки остров Сирос. Тие добиваат сместување, поглед на Егејското Море и, во моментов, 55 згрижени мачки.

Нешто изненадувачки, доста кандидати се пријавиле на огласот. Првпат беше објавен на Фејсбук минатиот месец, објави ВВС.

Досега, огласот за работа е споделен 20.000 пати, а околу 200 луѓе испратиле пошта до сопственичката Џоан Бовел и рекле дека се заинтересирани за работата.

Се разбира, не сите од нив ќе бидат добри за „Божјиот тим за спасување мачки“, кој бара сигурни и проверени кандидати.

Газдарицата, г-ѓа Бовел, бара работници кои не само што сакаат мачки, туку и знаат како да се „справат со луди или паметни мачки“.

Идеалниот кандидат треба да биде запознаен и со „психологијата на мачките“, како и да разбере „што сакаат да кажат мачките“. И, се разбира, мора убаво да „мјаука“.

Leave a Reply