Што се случува со срцето ако интензивно трчате или седите по цел ден?

Сподели со своите пријатели

Научниците веќе долго време знаат дека луѓето се многу издржливи, со зглобови и лигаменти кои се во состојба да издржат голем притисок

Loading...

Луѓето се машини во вистинска смисла на зборот, а неодамнешните истражувања откриле дека човечкото срце е направено и за голем напор, иако многу зависи од физичките активности што ги извршуваме.

Научниците забележале ултразвучни фотографии од срцата на 160 возрасни лица, кои ги категоризирале во четири категории: тркачи на долги патеки, возрасни што седат во текот на денот, фудбалери и американски домородни фамери – познати по нивната способност да трчаат долго.

Image by StockSnap from Pixabay

Кога истражувачите ги споредиле левите срцеви комори на учесниците во студијата, забележале јасни разлики. Тркачите и фармерите имале поголеми срцеви комори, издолжени во форма, со потенки sидови. Оваа форма им овозможува да пумпаат повеќе крв во подолг временски период, објавија истражувачите во списанието Proceeding of the National Academy of Science.

Фудбалерите, кои генерално изведуваат кратки и физички тешки вежби, имаа пократки и пошироки комори, со подебели sидови.

Луѓето кои седат претежно во текот на денот, исто така, имаа слична коморна форма.

Loading...

Интензивната физичка активност предизвикува висок крвен притисок во артериите за многу краток временски период, така што малите и дебели ѕидни комори се корисни за оние кои вршат кратки и интензивни физички активности, затоа што на овој начин мозокот сè уште се снабдува со доволно крв.

Image by rawpixel from Pixabay

Се чини дека седењето и гледањето телевизија цел ден чудесно го обликува вашето срце на ист начин.

Прилагодувањето на срцето што се гледаше во тркачите на долги растојанија, најверојатно, им помогнало на нашите предци, кои биле ловџии и земјоделци. Сепак, ова резултирало во намалена можност за други адаптации, што што би овозможиле да се реши проблемот со крвниот притисок, што претставува горлив проблем во денешните индустриски општества.

Затоа, истражувачите тврдат дека оваа прва адаптација ја оневозможува човечката популација ефикасно да се справи со проблемот на хипертензија.

Leave a Reply