Неверојатната офталмолошка состојба на Ерменка ги крена на нозе на лекарите ширум светот.
Една Ерменка буквално плаче кристали наместо солзи, па затоа не е изненадувачки што лекарите се изненадени од оваа состојба и никој сè уште не може да ја дијагностицира.
Дваесет и двегодишната Сатеник Каразијан од Ширак од Ерменија, пред само два месеци почнала да ги чувствува своите први симптоми.
Сега, Сатеник произведува 50 кристали на ден, а неколку офталмолози не биле во можност да ја дијагностицираат или лекуваат.
„Секој ден поминувам низ пеколот“, призна девојката за ерменските медиуми, додавајќи дека некои лекари не ѝ верувале, додека други ѝ препишале антибиотици што немаат никаква врска со нејзината состојба.
На помош ќе прискокне и ерменското Министерство за здравство, а еден од најголемите експерти за офталмологија веќе се сретна со пациентот, а кристалите од нејзините очи се испратени на анализи за да се утврди дијагнозата, која сè уште не е позната.