Грција денеска на генерален штрајк

Сподели со своите пријатели

Синдикатите, федерациите и здруженијата на работници во Грција за денеска (вторник) закажаа генерален 24-часовен штрајк.

Loading...

Штрајкот, според синдикатот, е одговор на планот на грчката влада да донесе закон во парламентот кој содржи измени во регулативата за синдикатите, колективните договори и здравственото осигурување.

Синдикатите, во исто време, бараат зголемување на платите и пензиите, трајно вработување и запирање на приватизациите.

„Правото на штрајк е последното оружје на работниците и ние мора да го браниме со сите сили. Правото на сите на јавно здравствено осигурување не може да се одрече и ние се бориме владата да не донесе закон за приватизација на дополнителното осигурување“, се вели во соопштението на Синдикатот на вработените во Јавниот сектор на Грција.

Leave a Reply