Во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на автопатот кај Врање, едно лице го загуби животот, додека три се здобиле со сериозни повреди.
Според извештаите, несреќата се случила во близина на селото Бресница, кога се судриле две возила. Едно лице смртно страдало во „голф“ со регистарски таблички од Бујановац, каде се возеле лица кои живеат во Бујановац и Врањевска Бања.
Второто возило било со холандски таблички, каде, според неофицијални информации имало граѓани со македонска националност.
Според неофицијални информации, Македонците се враќале од Холандија каде биле да купат возило кое било тешко оштетено во судирот. Сепак, индикациите велат дека патниците во тој автомобил минале подобро затоа што се активирале воздушните перничиња, што исто така се видело на лице место.