Колинда води во трката за нов мандат

Сподели со своите пријатели

Ако се одржат претседателски избори во Хрватска, сегашниот претседател на ХДЗ и и актуелна претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ би освоила 28,5 проценти од гласовите, кандидатот на СДП Зоран Милановиќ 24,8 и независниот кандидат Мирослав Шкоро со 18,2 е на третото место според процентот од гласовите, покажа анкетата за рејтинг на HRejting објавена во саботата.

Loading...

Сепак, од 21 мај, кога последен пат беше објавена анкетата, Грабар-Китаровиќ изгуби поддршка од 6,17 проценти, а Зоран Милановиќ напредуваше скоро дури за 6,27 отсто.

Најголем напредок постигна Мирослав Шкоро, бидејќи поддршката што ја има меѓу гласачите е за 8,86 проценти поголема од анкетата спроведена во мај. 

Се наведува дека биле анкетирани 1.400 лица со право на глас, како и дека статистичката грешка е од плус или минус 2,62% и ниво на доверба од 95%.

Leave a Reply