Поранешниот албански министер за внатрешни работи, Саимир Тахири е осуден на тригодишна условна казна за злоупотреба на службената должност, откако судот ги отфрли обвиненијата од страна на обвинителството што го поврза со криминална мрежа осомничена за шверц на големи количини марихуана.
Кривичниот суд во Тирана го осуди 49-годишниот Тахири на три години и четири месеци затвор, но затворската казна ја замени со условна казна, што значи дека нема да оди во затвор.
Во овој период, Тахири нема да може да има јавни функции или да се кандидира за функција.
Тахири најави дека ќе ја обжали пресудата.
– Судот рече дека не сум криминалец, дека не сум шверцер, дел од криминална организација, но јас бев одговорен за злоупотреба на службената должност, едноставно затоа што некои роднини се повкувале на мене – им рече Тахири на новинарите по пресудата.
Тој додаде дека не може ниту „да плаче, ниту да се смее“ и дека му треба време за „да ја разбере пресудата“.
Обвинителството побара Тахири да биде осуден на 12 години затвор за наводна поврзаност со трговија со дрога, корупција и вмешаност во криминална организација, пренесува АП.
Некои од роднините на Тахири се уапсени или осудени на затвор за трговија со дрога во Италија и Албанија.
По повеќе од девет часови консултации, комисија со три судии донесе одлука дека обвинувањата за шверц на дрога не се докажани.
Тахири работел како министер за внатрешни работи од 2013 до 2017 година и беше задржан во куќен притвор за кратко време, откако поднесе оставка како член на владејачката Социјалистичка партија во мај 2018 година.
Претходно во медиумите, Тахири ги предводеше напорите за реформа на полициските сили и првично беше успешен во стопирањето на производството на канабис на југот од 2014 година.
Голем скандал избувна кога еден Албанец Моиси Хабилај беше уапсен во Италија пред две години под обвинение за дрога.
Хабилај во низата телефонски повици кои ги прислушкувала италијанската полиција, а ги објавија италијански и албански медиуми дека Тахири редовно правел голема сума пари од дрога.
Тахири тогаш во одбраната рече дека погрешил што му го продал својот автомобил на Хабилаи, далечен братучед, но негираше каква било друга врска со тоа.
Албанија некогаш беше позната како крстосница за шверц со марихуана, а сега има се повеќе случаи на шверцување хероин и кокаин во западноевропските земји, пренесува АП.