Обилните дождови предизвикаа големи поплави во Солун, десетици домови беа поплавени, а двајца мотоциклисти беа заробени во поплавените улици, јавуваат грчките медиуми.
Loading...
Противпожарната служба примила повеќе од 150 повици, а од 17 домови морале да испумпуваат вода, пренесува Екатимерини.
За време на бурата во четвртокот навечер, пожарникарите евакуирале седум лица од поплавените домови во областа Ефкарпија.
Двајца од возачите биле заробени во надојдените води, а едниот, наводно, избегал од поплавата, додека другиот побарал полициска помош.
Сообраќајот во Солун се одвива забавено и имало неколку судири поради лизгави патишта.