Пијана возела три деца, па им покажувала голи гради на полицајците кои ја стопирале

Сподели со своите пријатели

Една жена во Пен Таунс, Пенсилванија, се обидела да ги поткупи полицајците со сексуални услуги, откако била уапсена за возење под дејство на алкохол, додека ги возела своите три деца во автомобилот.

Loading...

Ребека Сју Дади (29) е обвинета за мито, непристојност и возење додека била под дејство на алкохол и за загрозување на другите заради возење на нејзините три деца.

Таа била ослободена со кауција од 2.500 долари, а првото рочиште е закажано за 19 септември.

Сè се случило во саботата кога полицијата интервенирала во нејзиниот дом поради семејно насилство. Кога стигнале таму, тие разговарале со нејзиното момче Џејкоб Анголи, кој им рекол дека пијана ги возеа нејзините три деца.

Во тоа време, полицијата исто така разговарала со неа и таа мирисала на алкохол, била нестабилна, тешко разговараа и очите и светеле. Полицијата ја уапсила за возење во пијана состојба, верувајќи дека ги ставила своите деца во опасност.

„Додека бевме на пат кон болницата, Дади се обиде да ми понуди сексуални услуги за да избегне казна“, рекол полицаецот кој ја уапсил.

Нејзиното однесување, наводно, продолжило во болницата, пред лекарите и полицијата.

Полицијата ја привела, а во таа пригода таа ја влечела маицата и градникот и им ги покажала на полицајците нејзините гради и продолжила да им нуди секс како замена за пуштање на слобода и против неа да не биде поднесено обвинение.

Loading...

Leave a Reply