Околу 10.000 светилки во Куманово ќе се заменат во следните четири месеци

Сподели со своите пријатели

Околу 10.000 улични светилки во Куманово ќе бидат заменети во текот на следните четири месеци, откако вчера започна имплементацијата на јавното приватно партнерство за инсталација на ново современо улично осветлување со ЛЕД лампи.

Проектот започна во селата Брзак и Агино село, а потоа ќе следуваат селата Романовце, Умин Дол, Ново Село и Љубодраг, како и целиот прстен околу градот. Паралелно ќе оди замената на постоечките светла во градот и пригратските населби.

– Во следните четири месеци ќе бидат заменети околу десет илјади постоечки светлечки тела на територија на целата општина. Добиваме квалитетно осветлување, енергетска ефикасност и намалено затоплување и емисија на CO2 гасови, информираше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски преку својот Фејсбук профил.

Секој столб кој ќе биде поставен ќе биде означен со сериски број, локација и контакт телефон за пријавување на евентуален дефект.

Leave a Reply