Со почеток во 11:00 часот пред споменикот Жена Борец (на градскиот плоштад) во Куманово со свечена програма и полагање цвеќе утре ќе биде одбележан празникот 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија.
Централната прослава во исто време започнува во Скопје во Градскиот парк, каде по обраќањето на премиерот Зоран Заев ќе следува музичка програма со: 5+ Бенд, Денсерс јунајтед, Виолета Томовска, Ај Кју, Елита Зибери и диџеј Драган Б. Костиќ