7 литри дожд наврнаа во Куманово, денес нова нестабилност

Сподели со своите пријатели

Вчера попладне, а особено во ноќните часови времето беше нестабилно облачно со врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер.

Пообилни беа врнежите во ноќните часови во крајните источни делови каде за кратко време наврна поголема количина на воден талог.

Во Куманово наврнале вкупно седум литри воден талог на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Најмногу дожд наврнал во Берово 43 литри.

Денес ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи.

На места особено во северните и источните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе достигне од 24 до 30 степени.

Leave a Reply