Авиони на Дирекцијата за заштита и спасување во сабота го гаснеа големиот шумски пожар во кумановските села Павлешенце, Градиште и Габреш.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи пожарот од страна на Општина Свети Николе се проширил на територијата на Куманово во атарот на селата Павлешенце, Градиште и Габреш при што е опожарена поголема површина сува трева, нискостеблеста деградирана и дабова шума.
– Во интервенирање на гаснење на пожарот кумановските пожарникари учествувавале од 11:30 часот со 2 противпожарни возила и 5пожарникари, едното возило од интервенција е вратено во 17,30 часот, додека другото се има вратено од терен во 22: 35часот, информираат од РЦУК.

Во интервенцијата биле вклучени и шестмина вработени од Шумско стопанство Куманово, но бидејќи огнот излегувал од контрола била побарана помош од авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, кои според РЦУК, е изгаснат со четири налети во период од 15:20 до 17:15 часот.