Борова шума на површина од половина декар изгоре во атарот на селото Слупчане, Општина Липково.
Седум пожарникари од ТППЕ КУманово, со две противпожарни возила учествувале во интервенцијата, а на помошт им пристигнале и тројца вработени од Шумско Стопанство Липково, како и мештани од селото.
Интервенцијата траела од 17:50 до 19:20 часот, меѓутоа околу полноќ пламените јазици повторно се разгореле. Така тројца пожарникари интервенирале и 40 минути по полноќ и конечно успеале да го ликвидираат во 02:30 часот.
Во населбата Бедиње пак изгорела дрвена барака. Интервенцијата траела од 18:45 до 20:00 часот, а учествувале четворица пожарникари.
Сува трева кумановските пожарникари гаснеле и во атарот на селото Речица во период од 19:35 до 22:20 часот.