Без вода во текот на денот се пет локации во Куманово.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Киро Фетак“, „Народна револуција – Пчински пат“, „Ѓорче Петров“ во населбата Перо Чичо, локалитетот Бејтови ниви во селото Проевце, како и населбата Вера Которка.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.