Се тампоранираат улици во селото Скачковце

Сподели со своите пријатели

Во кумановското село Скачковце се врши тампонирање на повеќе улици.

Малите селски патчиња досега беа земјени и ова е прв пат да видат асфалтно уредување.

За ваквите градежни зафати општина Куманово го искористи гребаниот асфалт кој на користење ѝ го отстапи Јавното претпријатие за државни патишта, а кој претходно е изваден од регионалниот патен правец Куманово – Свети Николе кој во моментов се реконструира.

– Голем бенефит од целата аквитност, покрај граѓаните имаат руралните средини, затоа што целата количина на отпадниот или гребан асфалт се даде на општината која истиот го користи за тампонирање на локални и рурални патишта и поранешната општина Орашец, изјави Димитриевски неодамна при вршење увид во градежните активности на магистралата заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Leave a Reply