Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски упати честитка до граѓаните од христијанска вероиспобед по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
– Здравје, радост и спасение во секој дом, духовно заздравување и семејно обединување. Традицијата не одржала, да ја негуваме и почитуваме сите, да не дозволиме да скршнеме од патот по кој што чекореле нашите предци. За многу години, стои во честитката на Димитриевски.