Со помош на волонтери за експеримент, д-р Нил Стенли, од Велика Британија, покажа дека дремките од дваесет минути во текот на денот можат да бидат корисни и освежувачки. Сепак, тој додава дека дремењето што прераснува во подлабок сон нема да нè зајакне.
„Позитивните ефекти од попалдневната дремка се три до четири часа, што е одличен начин да се врати концентрацијата и да се врати силата. Дремањето ее покорисно во овој поглед, за разлика од пијалоците со кофеин, чии ефекти траат и до половина час “, вели д-р Стенли.
За да ја покаже корисноста на попалдневната дремка, д-р Стенли извел тест со четворица волонтери.
По краткото дремнување, волонтерите изјавиле дека се чувствуваат порелаксирано.
И резултатите од тестот, кои ги мереле нивните реакции на стимули на светлина, биле подобри по кратката попладневна пауза отколку порано, пренесува dailymail.co.uk.
Лекарот додава дека во основа потребни се 40 минути за целосно освежување – 20 минути за да заспиете и 20 минути „чист“ сон.
Тој, исто така, ја потенцира важноста за одржување на просторијата за спиење тивка, темна, со температури помеѓу 16 и 18 степени.
„Најдоброто време за попладневно дремнување е помеѓу 14 и 15 часот кога нашето тело, како дел од природниот циклус, го спушта општото ниво на енергија“, објасни лекарот.