Пет интервенции на отворен простор бележат пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, интервенирано е на запален отпад кај месноста „Раде вулканизер“ од 06:45 до 07:40.
Со едно возило и тројца пожарникари бил гаснат и пожарот во селото Речица и тоа во период од 13:40 до 16:40 часот.
Запален смет подоцна горел и во населбата Перо Чичо, каде тројца пожарникари интервенирале од 16:15 до 16:55 чаот.
Штала горела во селото Отља. Таму интервенирале исто така тројца пожарникари во период од 16:00 до 17:40 часот.
Интервенција се бележи и во селото Студена бара и тоа во период од 16:40 до 23:20 часот.