Еден час домашни обврски го намалува ризикот од прерана смрт

Сподели со своите пријатели

Научниците во Норвешка докажаа дека правосмукалувањето на стан или косење трева во дворот може да биде еднаква умерена физичка активност како одењето, според „Дејли меил“.

Loading...

Во исто време, само еден час физичка активност на ден, како што е миење садови или готвење, може да го преполови ризикот од смрт. Повеќе вежби значи помал ризик.

Тие исто така тврдат дека физичката активност со кој било интензитет може да го намали ризикот од смрт. Училиштето за спортски науки во Осло истражувало осум постојни научни студии во кои биле вклучени 36.000 возрасни испитаници. Сите испитаници биле над 40 години и им биле обезбедени уреди кои ги следеле нивните дневни активности. Тие биле поделени во четири групи, во зависност од тоа колку беа активни. Тие биле следени шест години.

Речиси шест проценти од испитаниците, 2.149, починале за време на студијата објавена во британскиот медицински журнал. Раководителот на истражувањето, професорот Улф Екелунд открил дека секоја физичка активност е поврзана со помал ризик од смрт од која било причина.

Во групата што била најактивна, луѓето имале 73 проценти помала шанса да умрат. Тие практикувале лесна работа околу пет часа на ден, додека тие поминувале 24 минути на ден во умерени активности.

– Овие резултати ја потврдија изјавата дека правењето нешто е подобро отколку да не се прави ништо. Ако сте некој кој не го достигнува нивото на умерена физичка активност во текот на денот, препорачливо е да се вклучите во полесни активности како што се домашни работи или генерално повеќе на нозе. Тоа има свои придобивки – рекол д-р Шарлот Едвардсон од универзитетот Лестер.

Од бадминтон до јога, танц или таи чи, постојат многу начини кои ни помагаат да останеме здрави подолго, рече Џес Квен, од „Centre for Ageing Better“.

– Ако сакате да бидете здрави и независни кога стареете, треба да работите посилно на себе во четириесеттите и педесеттите години. Покрај аеробни вежби, препорачливо е да пешачите, пливате или да возите велосипед. Заедно со јакнење на структурата на мускулите, ние исто така ја подобруваме рамнотежата. Таквиот начин на живот не само што ни дава години, туку им додава живот на тие години со тоа што ќе го продолжиме периодот во кој остануваме фит, здрави и слободни – тврди Џес.

Loading...

Експертите посочуваат дека една минута интензивно вежбање има ист ефект врз здравјето како и две минути умерено вежбање.

Leave a Reply