Вчеравечер на градскиот плоштад во Куманово се одржа првата вечер од меѓународниот Тамбурашки фестивал 2019 година.
Манифеставијата ја отворија „Кумановски тамбураши“, со вокалните солисти Сандра Милковска и Нино Величковски, „Велос“ од Нови Сад, „Пљевља“ со солистката Тања Шетер, од Црна Гора, а настап имаше и големиот тамбурашки оркестар на радио телевизија Војводина, со специјалната гостинка Биљана Крстиќ.
Програмата продолжува и вечерва кога концертот ќе одржи „Трио гранде“ од Кавадарци, потоа „Хрватски дом Велс“ од Австрија“, „Тамбурашката Школа Баторек“ од Осијек, а фестивалот ќе го затвори гитаристот Влатко Стефановски – трио и мандолинскиот оркестар Скопје.
Организатор на фестивалот е Фондација за култура и спорт, а со поддршка од градоначалникот и Советот на Општина Куманово, како и Министерството за култура.
Во продолжение дел од атмосферата низ објективот на Кумановски Муабети.