Сува трева горела во атарот на селото Матјче во текот на вчерашниот ден.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, околу 16:10 часот на терен излегле две противпожарни возила на ТППЕ Куманово со шест пожарникари.
Освен нив, според РЦУК, интервенирале и двајца вработени во Шумско стопанство Куманово, како и мештани од селото.
Засега не е познато дали пожарот целосно е изгаснат.