СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Р.(19) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 и едно кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, информираат од кумановската полиција.
Loading...
Пријавениот, како што појсануваат надлежните, во периодот од 23.05 до 09.08.2019 извршил тешки кражби на различни локации во Куманово.