СДСМ Куманово: Кумановските земјоделци опфатени со мерката „зелена нафта“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 4.040 земјоделци од кумановско можат да ја користат мерката „зелена нафта“ која може да им го оленси производство со набавка на 30 отсто поевтина нафта за земјоделската механизација.

Според Општинската организација на СДСМ Куманово, до сега во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Куманово, барање за картичка за зелена нафта поднеле 78 земјоделци од Куманово, а вредноста на истите е од 428.525 денари.

 – Со оваа мерка, околу 200 милиони денари ќе завршат директно кај земјоделците. Пресметката за тоа, кој земјоделец колкава сума ќе има на картичката, зависи од видот на произвотството кое го пријавил за субвенционирање, при што минималниот износ за малите производители изнесува 500 ден. а највисокиот износ е лимитиран до 100.000 ден. Младите земјоделци ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина во период од 3 години, вели Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово.

Според Пешиќ-Бошковска, со расположливата сума од картичката, може да се точи исклучиво евродизел за земјоделска механизација, а крајниот рок за користење на средствата е април 2020 година.

– Ваквата мерка е одговор на деценсиките проблеми на земјоделците, со која се покажува вистинска грижа за земјоделството. Зелената нафта обезбедува помали трошоци за работа, поконкурентно произвотство и повеќе пари за секој земјоделец. Како одговорна партија остануваме посветени на мерките и политиките кои го развиваат и унапредуваат земјоделството кое е клучна стопанска гранка во државата, додаде портпаролката на кумановскиот огранок на партијата.

Мерката на државно ниво може да ја користат околу 55.000 регистрирани земјоделци.

Leave a Reply