Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови.
Како што информираат синоптичарите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде значително посвежо и ветровито со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 26 до 33 степени.
Во петок се уште ќе има услови за локален дожд.
Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.