По осум месеци брак се разведува Мајли Сајрус

Сподели со своите пријатели

Светските медиуми пишуваат дека пејачката Мајли Сајрус и актерот Лијам Хемсворт се разведуваат и тоа по само осум месеци брак. Се започнало кога фановите забележале дека музичката ѕвезда не го носи свршеничкиот прстен на раката.

Loading...

– Лијам и Мајли се договориле дека ќе се разделат на некое време. Постојано се менуваат како партнери и поединци па одлучиле дека е најдобро да се посветат на самите себе и кариерата, изјавил извор близок до парот за порталот „People“.

Дека до разделбата навистина дошло, потврдил и портпаролот на пејачката.

– Ве молам да го почитувате нивниот избор и да им дадете приватност, стои во соопштението.

Инаку светските медиуми пишуваат ека Сајрус наводно се бакнувала со Кејтлин Картер во текот на нивниот заедничи одмор на езерото Комо.

– Тие не се трудија да се сокријат воопшто. Други луѓе седеа покрај базенот, вели изворот и додава дека Мајли и Кејтлин заедно минуваат многу време.

Leave a Reply