Делегација од општина Куманово во посета на Бијељина (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Делегација од Општина Куманово предводена од Градоначалникот Максим Димитриевски престојува во дводневна посета на збратимениот град Бијељина.

Целта на посетата, како што информираат од локалната самоупарава, е славата на градот „Свети Пантелејмон“ која традиционално со посебени свечености се одбележува секоја година.

– По тој повод се одржа прием на делегации кај градоначалникот на Бијељина Миќо Миќиќ, полагање на цвеќе, акaдемија со културно – уметничка програма, концерт на градскиот плоштад и утринска литургија, информираат од Општина Куманово.

Leave a Reply