Музиката на „Металика“ ја спаси од опасен предатор (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една планинарка од Канада успеала, со помош на песна, да избрка пума која ја следела.

Loading...

Не е тајна дека музиката на „Металика“ може да биде „интензивна“, но сега се докажа и како успешна во бркање диви животни.

Ди Галант шетала со своето куче и откако навлегла во шумата забележала дека некој ја следи. Кога видела дека станува збор за пума, првин била заинтригирана бидејќи тоа животно никогаш не го видела од близу во животот.

Потоа сфатила дека животното се повеќе и се приближува. Започнала да вика, а пумата само застанала и не се одалечила. Извикувањето „Губи се“ не ја избркало дивата мачка.

Тогаш Ди се сетила на мобилниот телефон да го пушти најгласниот бенд кој во тој момент и дошол на памет. Тоа била „Металика“ и песната „Don’t tread on me“.

Успеала, по само првите тактови пумата избегала, очигледно исплашена од комбинацијата на тапани и гласот на Џејмс Хетфилд.

Средбата траела околу пет минути, а Ди вели дека не била исплашена. Всушност токму спротивното, смета дека е среќна, затоа што имала можност да ја гледа пумата толку долго.

Leave a Reply