Над 140.000 евра запленети на Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 141.000 евра биле откриени при контрола на македонски автомобил, сопственост на компанија за изнајмување на автомобили, управуван од италијански државјанин, кој бил придружуван од неговиот татко, а бил пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, информираат од Царинската управа.

Loading...

– На прашањето на царинските службеници колку девизни средства носите заедно со вашиот сопатник, возачот одговорил дека заедно со неговиот татко имаат 5.000 американски долари и околу 1.000 евра, но при извршената контрола на автомобилот, во памучна блуза сместена под наслонот за раце помеѓу предните седишта на возилото, биле пронајдени непријавени 157.000 евра, а во паричникот на сопатникот биле пронајдени 5.000 американски долари, стои во извештајот на Управата.

Согласно Законот за девизно работење, на лицатa им биле вратени 16.000 евра и 5.000 евра, износ што двајца нерезиденти можат слободно да го изнесат од државата, додека останатите 141.000 евра се привремено задржани, а против возачот е отпочната соодветна постапка.

Leave a Reply