Поранешната американска манекенка Елизабет Хоад одлучила да се откаже од мажите и да сеомажи за своето шестгодишно куче Логан, а венчавката ќе се одржи кон почетокот на август.
Потикната од многубројни пропаднати излегувања со мажите, 49-годишната Хоад се одлучила на посебен чекор. Во католичката црква ќе застане на лудиот камен со својот златен ретривер Логан.
Stunning Model, Elizabeth Hoad, ‘Marries’ A Dog For This Shocking Reasonhttps://t.co/b9JWMcincv#koko #kokotv #kokotv_ng #Internationalnews #Celebritynews #Model #ElizabethHoad #NewsandEvent #Marriage #NewsandEntertainment #entertainment pic.twitter.com/2RZ4RINLUl
— KOKO TV Nigeria (@KOKOTV_NG) July 23, 2019
Судбоносното „ДА“ ќе го изговори пред 20 гости и во таа прилика ќе носи посебен прстен, додека нејзиното куче на себе ќе има посебно одело специјално скроено за него.
Кума и кум на венчавката ќе бидат Ајакс и Бер, две хаски на нејзината најдобра другарка, Елизабет, по венчавката, планира со Логан да оди на меден месец, некаде каде што постои „пет френдли“ хотел“.
Поранешната манекенка претходно два пати била свршена, но и двата пати венчавката била откажана. Потоа се пробала со излегувањата, па во период од шест години изглегла вкупно 220 пати, но, немала среќа.
– Мислев дека затоа е најдобро да се омажам за Логан. Тој никогаш не ме напушта, како ни јас него. Некои мислат дека сум луда, а јас мислам дека ова е сосема нормално, рекла Хоад.
Former model Elizabeth Hoad hopes to persuade her local Catholic church to allow her to wed her six-year-old golden retriever.Chatting to the Mirror she told them that she: 'had 220 dates in eight years from six dating sites and it's generally been a disaster.' @ElaineCrowley pic.twitter.com/sHAnqw4GPF
— Elaine (@ElaineVMTV) July 25, 2019
Иако многумина се шокирани од нејзината одлука, таа не е прва која се мажи за својот миленик. Претходно тоа го стори и Вилхелмина Калаган, кој за своето куче се омажи во 2009 година. Токму тој слуај ја инспирирал Елизабет.