АЛАРМАНТНО: Амазонската прашума исчезнува со брзина на три фудбалски игралишта во минута

Сподели со своите пријатели

Размерите на исчезнување на шумата во Амазон се толку големи што сега се смета дека се уништува површина поголема од три фудбалски терени во минута. Тоа значи дека наскоро би можеле да дојдеме до точка до која Амазон повеќе никогаш не би можел да се поправи, пишува „Гардијан“.

Loading...

Остриот пораст на сечата на шумата, кој се случил во мај и јуни годинава, потврдува дека претседателот Жаир Болсонаро, дал зелено светло за иелгална експлоатација на земјиштето, сечата и спалување на околината.

Според информациите на сателитскиот систем „Детер Б“, кој започнал со работа во 2015 година, во јули исечени биле 1.345 километри квадратни од бразилската амаознска прашума, што е за третина повеќе од просекот во јуни.

Иако до крајот на овој месц има уште неколку дена, се претпоставува дека размерите на уништување на Амазон се толкави што ова ќе биде месец во последните години кога Бразил загубил прашума со големина на Лондон, пренесува Спутник.

Image by Rosa Maria from Pixabay

Постојаното намалување на прашумата на подрачјето се заканува и на глобалната стабилизација на климата. Имено, ако се продолжи со оваа темпо, прашумите би можеле да се претворат во савани, при што ќе се намали способноста за апсорпција на јаглерод, што би можело да доведе до забрзано загревање.

Во првите седум месеци од својата власт, Болсонаро дал силна поддршка за земјоделството и рударските компании и притоа ја намалил надлежноста на владините агенции одговорни за заштита на шумите и околината.

Loading...

Така Ангецијата за заштита на околината ја ставил под надзор на Министерството за земјоделство, на чие чело е лидето на земјоделското лоби.

Претседателот и другите министри во повеќе наврати ја критикуваа Агенцијата за надзор на шуми поради исрекување парични казни за незаконска сеча, а владата презеде чекори зља да ја ослабне заштитата на шумските резервати и автохтони подрачја.

Image by luis deltreehd from Pixabay

Leave a Reply