Лекарите во индиската држава Вест Бенгал од стомак на 26-годишна девојка биле извадени накит и монети во вредност од 60.000 евра.
Руни Катун се јавила во болницата кон средината на јули кога започнала да го повраќа секој оброк. Лекарите ја упатиле на итна операција и тпгаш виделе што се крие во нејзиниот стомак.
Во текот на операцијата од стомакот на Индијката извадени биле 69 златни синџирчиња, 80 обекти, 46 монети, осум медалјони, 11 носни обекти, четири клуча, пет нараквици за нога и еден рачен часовник.
Катун голтала накит од продавници, но не и дома. Нејзината мајка раскажала дека забележала дека почнале да исчезнуваат синџирчиња и обкеит од нејзиниот дом, но немала претстава дека нејзината ќерка ги голтала.
Состојбата на катун е стаблизирана, но задржана била на лекување, пренесуваат агенциите.
Image by multanka from Pixabay