Италијански ренџери се во потрага по мечка која успеала да совлада невозможни пречки, поради што ја нарекле М49.
Овој, како што ренџерите го нарекуваат, генијалец за бегство, успеал да се качи преку неколку жици под електронапон и да прескокне високи четири метра во паркот за диви животни на северот на Италија, а потоа да исчезне во шумата.
Чувала мечка во станот, мислејќи дека е куче (ВИДЕО)
Кафеавата мечка, која ја водат под шифрата М49, тежи 149 килограми и избегала само неколку часа откако во недела е фатена во длината Вал Рандена.
Целата приказна предизвикала подсмев, но и осуда од бројни здруженија, граѓани и членови на владата.
Наредбата мечката да се улови ја издал претседателот на покраината Трентино Маурисио Фугати затоа што локалните власти оцениле дека животното претставува опасност за јавноста, откако е видена премногу близу до населените места.
Мечка изела 40 килограми кокаин
Министерот за заштита на животната средина Сержио Коста го критикувал недостатокот на професионализам при самото ловење и истакнал дека одлуката за убиство на животното е апсурдна.
Откако популацијат ана кафеавите мечки во Алпите паднала на само четири примероци, во Трентино со пари на Европската унија во 2000 година изграен е природен парк за заштита на диви животни каде се преселени 10 мечки од Словенија.
Денес имаат популација од 50 возрасни примероци.
Image by Free-Photos from Pixabay