Милијардер исплати долг на цела генерација студенти (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неверојатен гест направи милијардерот и филантроп Роберт Смит кој одлучил да исплати студентски долг на цела генерација студенти од Колеџот Морхаус, во износ од 40 милиони долари.

Тој во своето обраќање на завршната церемонија на доделата на дипломи на колеџот Мрхаус во Атланта, американската сојузна држава Џорџија, истакнал дека 400 дипломци го добиле овој голем подарок за крајот на образованието.

Пред на студентите да им го исплати долгот, овој технолошки инвеститор на истиот колеџ му донирал 1,5 милиони долари.

– Не морам да живеам од сендвичи од путер од кикирики и желе, рекол еден дипломец за АП.

– Бев шокирана. Срцето ми чукаше, сите плачевме. Во моментот како тоа да беше терет кој е симнат, рекла уште една студентка.

Смит е претседател и извршен директор на компанијата „Виста Екуити Партнерс“, приватна група акционери основана во 2000 година и специјализирана за вложување во софтверски компании.

Според листата на Форбс, Смит има богатство од пет милијарди долари. Тој е и основач на Фондацијата „Фонд II“, пренесува американскиот неделник „Тајм“.

Фото: screenshot/youtube/Gardian news

Leave a Reply