Замислете да ви кажат дека вашата куќа, зграда, град во кој живеете, нема да постоајт за неколку децении затоа што ќе бидат под вода? Со тоа се соочуваат жителите на Џакарта во Индонезија, кој тоне побргу од било кое друго место во светот, под теретот на брзиот раст.
Експертите проценуваат дека градот тоне по 25 сантиметри годишно, а притоа го голта и морето. Се проценува дека дури 95 отсто од регионот на северот до 2050 година ќе биде под вода.
Џакарта е дом на 34 милиони луѓе и е пренеселен, делумно се препушта и на тежината на прекумерен развој.
Меѓутоа, главна причина за тонењето е што 60 отсто од населението и претпријатијата вода повлекуваат директно од земјата затоа што владината инфраструктура не држела чекор со растот.
– Неколку делови во Џакарта веќе се потопени околу четири метри, а во иднина можеби ќе имаме уште два или три метри повеќе, вели експертот од Институтитот за технологија Хери Адреас.
Во селото Капук Теко, децата се забавуваат на сплав наместо на игралиште, гробиштата се исчезнати, а куќите се потпираат со столбови за да се изборат со два метри вода.
Еден жител на Банг Јих рекол дека во текот на поплавит екои се чести и обилни, неговото семејство е присилено да преминува на вториот кат на куќата, а многу мештани го немаат.
Педесет и петгодишник живее во страв дека некој од неговите внуци ќе се удави во водата која ја опкружува куќата.
Владата на Индонезија ветила големи пари за водоводната инфраструктура, но истражувачите велат дека времто истекнува.
– Потребни ни се најмалку 10 години да ги промениме подземните води во површински конечно да го спречиме тонењето, рекол професор Андреас.
Владата исто така има храбар план да направи нов главен град на друг остров во обид да ублажи многу предизвици на Индонезија поради брзиот раст.
Тоа е идеја за која се расправа со децении, но сегашните министри се сигурни дека тоа ќе се случи.
Image by mizuryu kei from Pixabay

