Ако го исполните овој услов, во Швајцарија може да имате куќа за еден франк

Сподели со своите пријатели

Локалните власти во италијанскиот кантот Тицино, Швајцарија, продаваат куќи за само еден франк.

Станува збор за симболична цена за недвижнина. Главна цел е да се привлече ново население во селото Монти ди Сциага во близина на италијанската граница.

На располагање се девет куќи од камен. Купувачите по склучувањето на договорот се должни да ги реновираат објектите по тамошните прописи.

Куќите се наоѓаат во идилично опкружување со поглед на езерото магиоре, а имаат достапен водовод, што значително го олеснува преуредувањето.

Монте ди Сциага е уште едно европско село кое со евтини цени на недвижнините се обидува да привлече луѓе кои тука би живееле.

На сличен начин локалните самоуправи мамат луѓе да живеат на Сицилија, на грчките острови, но и во шпанските села.

Image by adege from Pixabay

Leave a Reply