Полицијата во Тенеси, округ во истоимената американска сојузна држава, ги замоли жителите да не фрлаат дрога во ВЦ школките затоа што на тој начин патки, мисирки, но и алигатори можат да станат опасни по околината.
Предупредувањето е издадено минатиот викенд по претрес на домот на еден осомничен кој на брзина се обидел да го фрли метамфетаминот со пуштање вода од казанчето.
– Ве молиме не фрлајте ја дрогата во ВЦ школките. Кога фрлате некои равоти во канализацијата, мора да знаете дека тие, пред да се вратат во реките, завршуваат во нашите вештачки езера. Патките и мисирките најчесто ги користат овие езера, а ние притоа стравуваме како тие животни би се однесувале кога би проголтале метамфетамин. Истовремено во реката наскоро би можеле да имаме издрогирани алигатори, стои во соопштението на Твитер.
Image by Steve Buissinne from Pixabay

