Во Бразил откриена фабрика за лажни „Ламбурџини“ и „Ферари“

Сподели со своите пријатели

Бразилската полиција затворила илегална фабрика во која се произведувале лажни автомобилски брендови „фарари“ и „ламбурџини“.

Полицијта сооптштила дека, под обвинение за нарушување на индустриска сопственост, привела татко и син во чија сопственост била работилницита во јужната држава Санта Клара.

Автомобилите биле нудени преку социјалните мрежи за цени од 45.000 – 60.000 долари, што е само мал дел од цената на оргиналните автомобили.

Полицијата не навела кој вид делови биле вградувани во автомобилите, но објавила фотографии од моделите со амблеми на тие италијански брендови.

Рацијата следувала по жалбата на италијанските компании.

Запленети се осум делумно завршени автомобили, а полицијата наведува дека уште истражува колку парчиња биле изработени.

Image by Toby Parsons from Pixabay

Leave a Reply