Макрон именува специјален претставник за Западен Балкан?

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон планира да именува специјален претставник за Западен Балкан кој ќе има активна улога во решавањето на косовско-белградскиот проблем, пишува срспки Блиц.

Loading...

Макрон, како што наведува весникот, во текот на дводневната посета на Белград за тоа го известил и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Францускиот претседател има план поактивно да се ангажира во овој регион, рекол изворот на Блиц.

– Франција сака да преземе клучна улога во решавањето на проблемот меѓу Белград и Приштина. Бидејќи поради бројните обврски самиот не може на дневно ниво да се занимава со расплеткување на косовскиот јазол, има намера во следниот период да најде човек од доверба кој ќе биде задолжен за тој дел на Европа. Тоа ќе биде францускиот претставник за Западен Балкан. Макрон благодарение на таа нова фигура практично ќе го зацврсти влијанието во овој регион, наведува Блиц цитирајќи го својот извор.

фото: N1 printscreen

Leave a Reply