Србите брилираа со акробации, Колумбијците со голиот задник на танчерот (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Членовите на Културно-уметничкото друштво „Димитрије Туцовиќ“ од Србија вчеравечер брилираа со акробации на сцената на втората вечер од Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“.

Loading...

Од друга страна Компанија артистика „Мангаларес“ од Сантјаго де Кали, Колумбија беа впечатиливи по голиот задник на нивниот танчер.

Српското уметничко друштво имаше извонреден перформанс кој публиката во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ја крена на нозе и добија огромен аплауз.

Loading...

Колумбијците пак се претставија со својот традиционален фолклор на несекојдневен начин. Нивниот танчер Џон Рамирез на сцената се појави облечен многу оскудно. Комбинацијата од танц и традиционална колумбиска песна одекна низ Куманово, а публиката исто така ги наради со громогласен аплауз.

Освен овие две фолклорни друштва, на втората фестивалска вечер се претставија и КУД „Карпош“ – Крива Паланка, КУД „Бајрам Шабани“ – Куманово, КУД „Јабланичко коло“ – Лебане, Србија, КУД „Живинице“ БиХ и Шопски ансамбл „Раде Радев“- Софија и КУД „Кочо Рацин“ од Скопје.

Вечерва завршува тридневниот фестивал на кој повторно ќе настапат сите учесници, а честа да го затвори фестивалот ќе му припадне на Националниот ансамбл „Танец“.

Loading...

Стартот на последната фестивалска вечер исто така е од 19:30 во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а влезот за сите граѓани е бесплатен.

Во продолжение атмосферата од втората фестивалска вечер низ објективот на Кумановски Муабети.

Leave a Reply