Грчкиот Хачико 18 месеци не се помера од местото на кое загинал неговиот сопственик (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Минувачите добро познаваат едно куче во Грција кое веќе година и половина стои на патот во близина на Нафпактос, и тоа точно на местото каде во автомобилска несреќа загинал неговиот сопственик

Loading...

Харис, кој имал 40 години, трагично починал откако го удрила мешалка за цемент. Иако домот во кој живеел со кучето е одалечено околу 12 километри од местото на несреќата, кучето точно знае каде тоа се случило и не сака да се помести од таа локација.

Неколку мештани се обиделе да го вдомат, но тој постојано се враќал. Со текот на времето се откажале од обидите, но затоа на верното куче му направиле куќичка на тоа место и редовно му носат хранаи вода. Не се поместува од тоа место ниту кога е претопло, туку се крие во околните грмушки.

https://youtu.be/B3BQCppnrHg

Го нарекуваат „Грчкиот Хачико“, според кучето кое живеело во 20те години во Јапнија и со години стоело под железничката станица во Токио откако сопственикот му починал од мозочен удар.

Имал обичај да го следи сопственикот до станицата секое утро и да го чека да се врати. Но, еден ден тој не се вратил, а Хачико и натаму чекал. Исто така, како и ова куче во Грција, не сакал некој да го вдоми, ниту сакал да се помести од тоа место се до својата смрт десет години подоцна.

Фото: Youtube/Holly Hollywood

Leave a Reply