Авионско прскање против комарци на подрачјето на Општина Куманово ќе се реализира во четврток во раните утрински часови, информираат од локалната самоуправа.
– Се известуваат пчеларите да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај на неповолни временски услови, истото се одложува за наредениот ден, стои во соопштението од Општина Куманово.