Британската премиерка Тереза Меј повторно ги покажа своите танцови способности на еден музички фестивал, каде се „размрда“ со песните на шведската група АББА.
Таа, заедно со сопругот и пријателите, се појавила во кралската ложа на фестивалот и играла со песните на групата, пренесува „Мирор“.
Во ложата во која се наоѓала, како што пишува британскиот медиум, имало шише шампањско од 90 фунти.
Забележано е и дека Меј дошла на фестивалот заедно со своите телохранители.
фото: printscreen Twitter: jeremycuthbert

