Без струја во текот на утрешниот ден ќе останат повеќе делови од општините Куманово и Липково.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од селата Липково и Отља.
Во период од 12:00 до 14:00 часот електричното напојување ќе биде во прекин за корисниците од булеварот „3-та Македонска ударна бригада“, како и улиците „Миле Кипар“ и „Ангел Дуцо“.
Без струја ќе бидат и зградите на булеварот „Октомвриска револуција“, пазарот лоциран на улицата „Иво Лола Рибар“ и локацијата Бејтови ниви, во период од 08:30 до 13:30 часот.
Image by Barrie Taylor from Pixabay