Без струја утре низа локациии низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Без електрична енергија во текот на утрешниот ден во Куманово е бидат три локации, претежно оолу Индустриската зона во Бедиње, при што неколку фирми ќе останат без струја.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе биде населбата Бедиње, поточно компанијата „Југофер“ и расадникот на ЈП „Чистота и зеленило“.

Во период од 11:00 до 13:00 часот снабдувањето со електрична енергија ќе биде прекинато во дел од Индустриската зона, поточно фирмите „Агро Куманово“, „Ангроснабдител“, „Хуљуси Комерц“ и „Мак степ“.

Од 13:00 до 15:00 часот прекини, како што велат од РЦУК, ќе има во друг дел од Индустриската зона.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Image by Andrew Martin from Pixabay

Leave a Reply