Плевна со површина од околу 100 метри квадратни вчера целосно изгоре во пожар во атарот на селото Проевце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Како што информираат од таму пожарот настанал во раните утрински часови, по што од 04:15 на терен интервенирале шесмина пожарникари со три противпожарни возила.
Интервенцијата била завршена часови подоцна, односно во 09:50 часот, но објектот бил веќе целосно уништен.
Причинета е поголема материјална штета која допрва ќе се утврдува, исто како и причините кои довеле до избувнување на пожарот.