Општина Куманово редовно ги отплаќа долговите

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово своите долгови ги надмирува навремено, со што градоначалникот Максим Димитриевски изрази надеж дека наскоро ќе се надмине проблемот со блокадата поради долгот од 1998 до 2002 година.

Loading...

Како што истакна на денешното продолжение на 29та седница на Советот на Општина Куманово, потпишан е нов договор со Министерството за финансии во однос на долгот со што е направен репрограм на дел од истиот и досега се исплатени осум милиони денари.

– Се подготвуваме да уплаќаме и поголем број рати, со цел да го вратиме долгот и со одлука на Владата да ни се отпише камапатата, која е двојно поголема од основниот долг, за да излеземе од задолженоста. Денеска имате можност со ЕБОР да добиете кредит до 5 милиони евра за енергетски проекти со ниска камата и по реализација на проектот да добиете 20 отсто грант за дополнителен развој за да се достигнат стандардите во живеење, но за да дојдеме до квалитени пари треба да ги вратиме старите обврски кои никој не сака да ни ги прости, реше Димитриевски.

фото: архива

Договорот за јавно приватно партнерство за уличното осветлување е добар модел, смета градоначалникот, па затоа со приватниот сектор, ќе се соработува и во дел од угостителските објекти сопственост на јавните претпријатија, а во план е тоа да се стори и со градскиот базен.

Тој се согласи со опозицијата, дека јавниот сектор е лош стопанственик и наместо јавните претпријатија да набавуваат домати и пиперки за ресторани, тоа да го препуштат на концесионери, а паралелно со тоа да ја подобрат својата примарна услуга која ја даваат на граѓаните.

– Во делот на „Чистота и зеленило“ се согласувам и сметам дека треба да имаат интенција да ги подобрат примарните услуги, а тоа е одржуваме на јавни површини и хигиена, а не да се занимава со организација на ресторани и кафеани и како што знаете дел од објектите кои беа во нивна сопственост се издадоа по пат на јавна лицитација, а тоа е дуќан на градси базен и локацијата на градскиот кеј каде од приватник во моментот се инвестира за кафуле и исто така парастас салата на градските гробишта која на јавна лицитација достигна енормен износ. Гледам дека концесионерот ја стопанисува успешно, а јавното претпријатие доби финансиски бенефит, додаде Димитриевски.

Loading...

Кога станува збор за градскиот базен, неговото одржување е прескапо, и граѓаните тоа ги чини 700.000 денари, па затоа ќе се бара начин преку концесии или јавни приватни партнерства да се дојде до поуспешно менаџирање и намалување на трошоците.

Leave a Reply